Кога се чувствувате безживотно, имате главоболки и немате сила, ве советувавме да се напиете чаша вода, за да ви ја врати хидратацијата на организмот и да се вратите во живот.

Сепак, треба да знаете дека водата не е единственото нешто што може да ви овозможи хидратација.

Овошјето и зеленчукот се одличен извор на хидратација, но разликата помеѓу нив и водата е што ним им е потребно време за да се разложат во желудникот и организмот да ја прими водата, за разлика од водата која штом ја пиеме директно го хидратира телото.

Инаку, водата се крие во сите овошја и зеленчуци, но особено во некои како лубеницата која содржи 92% вода, плус бета каротин, ликопен и витамин Ц, во краставиците кои се исто толку преполни со вода, дињата, праските, јагодите и јаболката. Што значи во хидратација може да уживате преку целата година.

И некои од млечните производи како млекото и јогуртот се полни со вода, дури 80%. Месото исто така, што звучи интересно. А, и овесните житарици се добар продукт за оваа цел, доколку ги јадете натопени во млеко или јогурт.