Многу жени секој месец се борат со ПМС, односно со предменструалните тегоби. Лекарите открија дека со вежбање и здрава исхрана може да се ублажи предменструалниот синдром, но постојат уште неколку совети.

Предменструалниот синдром обично е проследен со главоболки и промени во расположението. Понекогаш се појавува вишок на течности, чувствителност на градите, проблеми со варењето на храната, зголемена потреба за слатки, па и болки во долниот дел на грбот и карлицата. Некои жени се борат и со акните.

Научниците од универзитетот во Колумбија велат дека 75% од жените секој месец се борат со ПМС.

“Секој предменструален синдром се влошува како што жената се приближува кон менопаузата”, вели докторката Мери Џејн Минкин, професорка по гинекологија на Јеил. Причина за таквата состојба е варирањето на нивото на полов хормон прогестерон кој го спречува мозокот да произведува серотонин, а со тоа и добро расположение. Истражувањата откриле дека половина час вежбање на свеж воздух, прошетка или само опуштање во природа ги намалува и најтешките симптоми на ПМС. Сончевите зраци ги стимулираат мозочните клетки да произведуваат серотонин, дури и кога нивото на полови хормони е непостојано.

Многу жени маки мачат со менструалните грчеви, нив можете да ги ублажите со аспирин, ибупрофен или други противвоспалителни лекови, но треба да ги земете уште пред да бидат потребни. Лековите може да ги земете 48 часа пред да започнат болките.

Изборот на храна исто така може да го ублажи ПМС-от. Количината на сол сведете ја на минимум бидејќи солта помага во задржувањето на водата во организмот. Избегнувајте рафинирани шеќери, газирани пијалаци и кофеин, а кога ќе ве фати желба за слатки бирајте сушено овошје.