Најдобриот начин на кој можете да ја одржите блискоста во врската не е романтичната вечера со свеќи, туку излегувањето со други двојки, пренесува “Дејли Меил”.

Излегувањето во двојки не само што го зголемува нивото на меѓусебна привлечност кај паровите, туку и партнерите повеќе разбираат како размислува спротивниот пол.

Студијата на Универзитетот Мериленд открила дека оние двојки кои се дружат и излегуваат со други, опстојуваат подолго. Сепак поради презафатеност и недостаток на слободно време, факт е дека паровите денес помалку се дружат со другите парови.

“Кога ќе вклучите барем еден пар пријатели во вашиот живот ќе можете да го доживеете својот партнер во вистинското светло, да се забавувате и да се опуштите, а во исто време ќе градите и чувство на блискот и љубов”, вели Кетлин Холц Дел, водител на студијата.

Психолозите додаваат дека можеме многу да научиме од другите парови и нивното однесување, бидејќи ги анализираме. Го забележуваме начинот на кој тие разговараат меѓусебе, се допираат или разменуваат нежности. Тогаш и ние добиваме инспирација да го направиме истото.